На Гатузо не му доаѓа памет: Елмас нема да биде стартер против Барселона

Кога Елиф Елмас игра од првата минута за Наполи, тоа е како гаранција дека тимот од југот на Италија ќе победи. Така беше на последните пет средби кои Наполи ги одигра. Елмас беше стартер на четири дуели, а неговиот тим се радуваше на триумфи. Единствено не играше на мечот против Лече и Наполи тогаш загуби.

Наполи има низа од три победи откако славеше против Бреша (2:1), Калјари (1:0) и Интер (1:0). Поради жолти картони, Елмас претходно не играше против Лече, а Наполи дома загуби со 2:3. Пред поразот од Лече, Наполи ја победи Сампдорија со 4:2, а Елмас како стартер даде и гол.

И покрај тоа што Елмас е среќа за Наполи, тренерот на Наполитанците, Џенаро Гатузо, реши за денешниот меч против Барселона да не го вметне во почетниот состав. Според најавите, Елмас ќе биде резерва и ќе чека шанса да заигра од клупата.

Инаку Елмас веќе има еден меч против Барселона, и тоа во август минатото лето, кога на пријателски дуел на турнејата во САД. Тогаш Елмас беше стартер и одигра одлично, но Барселона сепак победи со 2:1, а тогаш тренер на Наполи беше Карло Анчелоти.

Според најавите, ова се можните состави за двата денешни меча во Лигата на шампиони:

НАПОЛИ – БАРСЕЛОНА

Наполи: Оспина, Ди Лоренцо, Максимовиќ, Манолас, Марио Руи, Деме, Калјехон, Фабијан Руиз, Зиелински, Инсиње, Мертенс.

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Пике, Легле, Жиниор Фирпо, Ракитиќ, Бускетс, Де Јонг, Видал, Гриезман, Меси.

ЧЕЛЗИ – БАЕРН МИНХЕН

Челзи: Кабаљеро, Кристенсен, Зума, Рудигер, Аспиликуета, Џејмс, Жоргињо, Ковачиќ, Моунт, Вилијан, Жиру.

Баерн М.: Нојер, Павард, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Тијаго, Гнабри, Милер, Комон, Левандовски.

 

- Оглас -

Најнови вести