Падот на Роси во Катар – Летаа искри, за среќа, брзо се изгаси оделото на Докторот (Видео)

Валентино Роси имаше незгоден пад на патеката во Катар при тестирањето на можностите на својот мотоцикл пред стартот на новата сезона.

Првата трка ќе биде токму во Катар, на 8 март, а Роси по падот изјави дека тимот ги има истите проблеми како и лани, а тоа е волуменот на гумите.

„Ништо страшно. Паднав, но немав големи проблеми бидејќи имав контрола на ситуацијата. Тестовите беа добри за нас, но имам впечаток дека ги имаме истите проблеми од лани“, изјави популарниот Доктор.

По падот, летаа искри и од моторот, но и од возачкото одело на Роси, а, за среќа, сè мина без сериозни последици и 41-годишниот мотоциклист брзо се исправи на нозе.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=21&v=72T4e1PWuso&feature=emb_logo

- Оглас -

Најнови вести