Сити направи чудо против Реал кое му успеало само на уште еден клуб претходно

Реал Мадрид за првпат загуби меч од нокаут-фазата во Лигата на шампионите под водство на Зинедин Зидан. Кралскиот клуб со 1-2 беше поразен од Манчестер сити и сега е многу далеку од пласман во четвртфиналето од елитната лига на УЕФА.

Мадриѓаните добро се држеа, а имаа и позитивен резултат сè до 15-тина минути пред крајот. Иско погоди за водство на домаќините, но тоа не ги збуни гостите. Најпрво израмнија преку Габриел Жесус, а потоа со голот од пенал на Кевин де Бројне направија целосен пресврт.

Со оваа победа, Сити успеа да повтори еден подвиг кој претходно му успеал само на Милан. Некогашниот италијански гигант досега беше единствен кој успеал да го победи Реал во Мадрид, иако домаќините први постигнале гол. Вечерва на Милан му се приклучи и Манчестер сити, а Граѓаните со оваа победа се најдоа чекор поблиску до следната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести