Јокиќ ќе прави свадба во истиот месец кога Србија ќе игра квалификации за ЛОИ

Никола Јокиќ, кој е еден од најдобрите центри во НБА-лигата, можеби нема да настапи на квалификациите за Летните олимписки игри во јуни затоа што за тој месец закажал свадба. Иако информацијата уште не е официјално потврдена, српските медиуми тврдат дека свадбата е закажана и ќе се одржи во винарија во родниот град на Јокиќ, Сомбор, а поканети се НБА-ѕвезди.

Јокиќ седум години е во врска со Наталија Маќешиќ и во Денвер живеат заедно, па решиле летово да стапат во брак.

Српската репрезентација од 23 до 28 јуни во Белград ќе се бори за место на олимпискиот турнир за Игрите во Токио во август. Дали Наталија ќе го бодри сопругот или сепак ќе мора Јокиќ да го пропушти турнирот, останува да се види.

 

- Оглас -

Најнови вести