Утка на Нето што не боли, ама е многу смешна (Видео)

Португалскиот фудбалски талент Педро Нето ја има утката на годината, за негова среќа, без сериозни последици за неговиот тим Вулверхемптон.

Во 87-мата минута од реванш-мечот во Барселона против Еспањол, 19-годишниот напаѓач на Волците успеа да го кине и голманот Прието и потоа сам пред голот успеа да не погоди празна мрежа.

Neto horrific open goal miss vs Espanyol from soccer

Потоа Еспањол постигна гол за победа во 91-вата минута, но, за среќа на Нето, Вулверхемптон славеше на домашен терен со 4:0 и ќе игра во осминафиналето на Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести