Лигата на Европа остана без македонски фудбалери, Ристовски и Спортинг не го минаа пеколот во Истанбул

Босанскиот репрезентативец Един Вишча со два гола во клучни моменти од драматичниот реванш во Истанбул го одведе Башакшехир во осминафиналето во Лигата на Европа, фаза од која поанатму до битката за титулата нема да има македонски фудбалер.

Стефан Ристовски и Спортинг Лисабон примија голови во финишот од регуларниот дел во 92-рата минута за продолженија, а потоа и во 117-тата минута, кога повторно Вишча со удар од пенал му донесе победа од 4:1 на Башакшехир, доволна за елиминација на Спортинг. Првиот меч заврши со победа на Португалците од 3:1.

Ристовски го одигра целиот меч, односно сите 120 минути, иако во финишот на второто продолжение се пожали на повреда на бутнуот мускул.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, го следеше мечот од трибините на стадионот „Фатих Терим“ во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести