Џабе се блескавите ножички на Обамејанг, Олимпијакос го елиминира Арсенал (Видео)

Олимпијакос приреди нова сензација во уникатната вечер во Лигата на Европа и со победа од 2:1 го елиминира Арсенал во стартната нокаут-фаза во Лигата на Европа.

Грците го добија регуларниот дел со 1:0, колку што загубија во Атина на првиот меч, а со голот на Јусеф Ел-Араби во последната минута од второто продолжение ги исфрлија Топчиите од натпреварувањето.

https://twitter.com/MFclips/status/1233158270371729410?s=20

Арсенал иако одигра многу слаб реванш-меч, беше блиску до пласман во осминафиналето по израмнувачкиот погодок на Пјер-Емерик Обамејанг во 113-тата минута. Тоа беше и најубавиот потег на мечот, а Габонецот со прекрасни ножички донесе радост на „Емирати“ во Лондон.

Сепак, и тоа не беше доволно, а упорните Грци погодија во последниот напад и заслужено слават пласман понатаму. Во претходните натпреварите што се одиграа, елиминации доживеаја и поранешните европски прваци Ајакс, Порто, Бенфика и Селтик.

- Оглас -

Најнови вести