Борко Ристовски од понеделник ќе почне да тренира со екипата на Вардар и ќе го брани голот на актуелниот европски првак во остатокот од сезоната.
Вардарци ќе играат со ПИК Сегед или ПСЖ во осминафиналната рунда, на тимот му претстои и завршница во СЕХА лигата и во домашното првенство. Тренерот Стевче Алушовски потврди дека искусниот репрезентативец Ристовски и младиот бек Марко Мишевски од понеделник ќе му се приклучат на Вардар. Борко кој бранеше за Вардар од 2001 до 2003 и од 2010 до 2012, пред осум години од Вардар премина во странство, и неговото враќање е плус за тимот, па и за младиот Марко Кизиќ кој многу напредува на голманската позиција.