Реал – Барса е сè, само не обично фудбалско дерби

Ако фудбалското Ел Класико беше држава, таа држава ќе беше економски посилна од 14 земји на планетава. Реал Мадрид и Барселона годишно имаат приходи од над 1,5 милијарди евра, и тоа е повеќе од бруто домашниот производ на некои островски земји како Самос, Соломонски острови, Тонга, Доминика, Микронезија…

Во Реал очекуваат пораст сезонава за 65 милиони евра, а Барселона за 57 милиони. Овие клубови се трофејни, финансиски моќни, со огромен број на навивачи и следбеници на социјалните мрежи, со богати договори за телевизиски права.

И кога нема натпревари на „Сантијаго Бернабеу“ или „Камп ноу“, на тие стадиони се организираат групни посети. Влезниците се 25-26 евра, а секоја година имаат по 2,3 милиони посетители. Толква број на туристи на годишно ниво немаат ни земји како Словачка, Еквадор, Нигерија, веројатно ни Македонија, бидејќи според податоците за 2018 година, кај нас имало помалку од 2 милиони странски туристи.

Ел Класико е планетарен настан, ги надминува обичните фудбалски и финансиски граници. А, кога има и резултатско значење во битка за титулата како вечерва, мечот ќе го гледаат можеби и милијарда луѓе низ сите континенти.

- Оглас -

Најнови вести