Шмајхел: Де Хеа е деконцентриран, уште жали што не потпиша за Реал Мадрид

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, данската легенда Питер Шмајхел, смета дека главна причина за катастрофалните грешки на сегашниот голман на Јунајтед е деконцентрацијата, која доаѓа од еден негов нереализиран трансфер пред неколку години.

„Ваквите грешки какви што ги прави Де Хеа се резултат на недостаток на концентрација. На седум меча, тој прави седум грешк, и тимот поради тие грешки губи бодови. Премногу е за голман на таков врвен клуб. Му треба подобра концентрација“, изјави Шмајхел.

Потоа Шмајхел кажа и лично мислење каде е коренот на проблемот.

„Мислам дека деконцентрацијата на Давид е поради неговото разочарување што не замина во Реал Мадрид на времето. Искусен е, тој треба да ги смирува другите и да биде гаранција на голот“, додаде Шмајхел.

- Оглас -

Најнови вести