Албанија, Грција или ниедна од двете? Која селекција ја посакувате за ривал на Македонија во Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне ќе ги добие ривалите во второто по ред издание на Лигата на нациите. Нашата селекција направи скок во однос од претходното натпреварување и сега е во третиот сегмент според квалитетот на селекциите, односно Лига Ц.

Според поставеноста на „шеширите“, Македонија е во вториот шешир од третиот сегмент заедно со селекциите на Косово, Белорусија и Кипар. Тоа значи дека овие ривали не може да ни бидат противници. Во Лига Ц има уште три шешири, од каде и треба да ги добиеме противниците за следното натпреварување.

Во првиот шешир од Лига Ц се наоѓаат: Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија. Тоа значи дека Македонија има добри шанси за ривал да добие еден од соседите: Грција или Албанија. Во шеширот три се наоѓаат: Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург, додека во последниот шешир има резервирано места за Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Благодарение на првото издание на Лигата на нациите, Македонија уште има шанси да се најде на завршницата на Европското првенство кое ќе се игра летово. Македонија во полуфиналето од баражот на 26 март треба да игра против Косово во Скопје, а доколку се елиминира овој ривал, Македонија ќе игра во финале, каде што победникот ќе се избори за виза за настап на континенталниот собир.

ВОЗБУДУВАЊАТА ЌЕ ЗАПОЧНАТ ВО СЕПТЕМВРИ

Како прв и актуелен освојувач на Лигата на нации е Португалија. Тимот предводен од Кристијано Роналдо беше најдобар во Лигата А, односно елитната лига каде што се наоѓаат најдобрите 16 селекции.

Лигата на нации функционира едноставно. Во секоја  Лига се прават четири групи со по четири селекции и играат на систем: дома-гости, што значи дека сите селекции ги очекуваат по шест меча. Отстапка има само во Лига Д, каде што има помал број репрезентации и тие ќе одиграат помал број натпревари.

Новата сезона на Лигата на нациите ќе започне на 3 септември, додека мечевите од второто коло се играат неколку дена подоцна. Третото и четвртото коло ќе се играат во октомври, а четвртото и петтото коло на програмата ќе бидат во ноември оваа година.

КАКО ИЗГЛЕДА РАСПОРЕДОТ ПРЕД ЖДРЕПКАТА?

Според рангирањето, ова е поставеноста на селекциите пред почеток на ждрепката во Амстердам. Ви го преставуваме распоредот пред ждрепката.

Лига А

шешир 1: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија,

шешир 2: Белгија, Франција, Шпанија, Италија

шешир 3: Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска

шешир 4: Хрватска, Полска, Германија, Исланд

ЛИГА Б

шешир 1: Русија, Австрија, Велс, Чешка

шешир 2: Шкотска, Норвешка, Србија, Финска

шешир 3: Словачка, Турција, Републиак Ирска, Северна Ирска

шешир 4: Бугарија, Израел, Унгарија, Романија

ЛИГА Ц

шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија

шешир 2: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар

шешир 3: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург

шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија

ЛИГА Д

шешир 1: Гибралтар, Фарски Острови, Летонија, Лихтенштајн

шешир 2: Андора, Малта, Сан Марино.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести