Јасна порака од УЕФА: Засега нема одложување на мечевите од Лигата на шампионите

Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александер Чеферин, најави дека засега Коронавирусот не е голема закана и дека не постои опасност за одложување на ниту еден дуел од Лигата на шампионите. Првиот човек на УЕФА вели дека е во контакт со сите клубови кои се дел од осминафиналето во елитното натпреварување и засега се е под контрола.

Кога се работи за опасност од Коронавирусот, најкритично е во Италија, и тоа во северниот дел од земјата. Во италијанското првенство веќе беа одложени неколку натпревари, а се појавија шпекулации дека може да се одложат некои средби од Лигата на шампионите.

„Многу внимателно ја следиме ситуацијата со Коронавирусот. Засега нема опасност за одложување на некои мечеви. Во контакт сме со луѓето од сите клубови и ја знаеме ситуацијата во земјите каде што треба да се одиграат следните натпревари“, рече Чеферин.

Шпекулациите се дека може да се одложи дуелот меѓу Јувентус и Лион, кој треба да се игра на 17 март во Торино. Италијанскиот првак има негатива од 0:1 по првиот меч во Франција. Поради Коронавирусот изминатиов викенд беше одложено големото Дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер, кое требаше да се игра токму на стадионот на Старата дама.

 

- Оглас -

Најнови вести