Ќе има ли Летни олимписки игри во зима – МОК размислува за одложување на игрите во Токио

Меѓународниот олимписки комитет во консултации со јапонската влада сериозно размислува да го одложи почетокот на Летните олимписки игри во Токио што треба да се одржат од 24 јули до 9 август годинава.

Причината е позната, тоа е епидемијата на Коронавирус, чиј епицентар е во Азија, а сериозни проблеми има и Јапонија.

Се разгледуваат неколку варијанти, да се одржат Игрите во предвидениот термин без присуство на публика, што не би имало ефект, а и ќе се одрази со огромни загуби за организаторите.

Втора и многу пореална варијанта е ако не стивне Коронавирусот, да се одложат ЛОИ за до крајот на оваа година.

- Оглас -

Најнови вести