Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна распоредот за натпреварите во новото издание на Лигата на нациите. Како што веќе знаеме, противници на Рисовите во групата 2 од Сегментот Ц ќе бидат селекциите на Ерменија, Естонија и Грузија. Сезоната ја отвораме со националниот состав на Ерменија на 5 септември во Скопје, додека обврските ги завршуваме со истата репрезентација во ноември.
По пречекот на Ерменија, во септемврискиот циклус Македонија ќе гостува кај Грузија на 8 септември, додека за 8 октомври е закажано гостувањето кај Естонците. Потоа следува реваншот против Грузија на 11 октомври, а во последниот циклус го затвораме со Естонија на домашен терен и гостување кај Ерменија на 16 ноември.
Распоред на натпревари:
МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА (05.09, 15ч)
ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА (08.09, 18ч)
ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА (08.10, 20ч)
МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА (11.10, 18ч)
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА (13.11, 20ч)
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА (16.11, 18ч)