Ристовски доби нов тренер во Спортинг

Спортинг Лисабон ја официјализираше соработката со Рубен Аморим, неодамнешниот тренер на Брага кој во новиот клуб го донесе и стручниот штаб. Лавовите исплатија 10 милиони евра на ривалот за да ги добијат услугите на Аморим и неговите асистенти.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби млад тренер, но неговата визија оваа сезона во одреден дел беше успешна и ја стави Брага во позиција да се бори за третото место.

Хорхе Мануел Ребело Фернандес, или како што го нарекуваат кратко Силас, прифати да си замине откако не успеа да се наметне со Спортинг меѓу конкурентите за титула со Порто и Бенфика. Спортинг моментално е на четвртата позиција со 39 бода, а Аморим има задача да се обезбеди пласман во Лигата на Европа, додека следната сезона нормално да се атакува на титулата и да се разбијат големите ривали кои доминираат во последниве неколку години.

- Оглас -

Најнови вести