Легендата на Оксер и поранешен дански репрезентативец Томас Каленберг е заразен со Коронавирус и се наоѓа во карантин во својата земја.
Според информациите во данските медиуми, 13 лица кои биле во контакт со Каленберг се испратени во 14-дневен карантин, а меѓу нив е и одбранбениот играч на Брондби, Џоел Кабонго, потоа и помошниот тренер на овој тим, Мартин Ретов, и уште неколку членови на стручниот штаб на повеќекратниот дански првак.
Каленберг се заразил на патувањето во Холандија, а потоа бил присутен на трибините во Копенхаген и го следел мечот меѓу Брондби и Лингби, што се играше минатиот викенд. Има и тројца фудбалери на Лингби кои се наоѓаат во карантин, а биле во контакт со Каленберг.
Томас има 47 настапи за Данска и постигна пет гола, а во кариерата долго играше за Оксер, а беше член и на Волфбсург во Бундеслигата и на француски Евијан.