НБА лигата ќе го менува календарот?

Извршниот директор на Атланта Хокс Стив Кунин предложи да се помести стартот на НБА лигата. Наместо како што беше досега сезоната да почне во средината на октомври, да се помести два месеци подоцна, односно пред католичкиот Божиќ во декември.

Доколку се усвои овој предлог, несомнено би се кренал профитот од телевизиските права бидејќи нема да се поклопува со сезоните во останатите спортови, како универзитетскиот американски фудбал, а воедно помал дел од сезоната би се вкрстил со НФЛ лигата, па така целиот фокус би бил насочен кон кошаркарските терени.

Секако, сезоната би завршувала подоцна, односно финалната серија би се играла во август, а НБА лигата би доминирала во американските спортови во текот на летниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести