Зинедин Зидан уште малку ќе направи една година откако се врати на клупата на Реал Мадрид, а во пресрет на гостувањето кај Бетис францускиот стратег даде изјава која ги уплаши фановите на кралскиот клуб.
Зидан посочи дека иако е среќен на „Бернабеу“ и ужива во работата, тоа може да се смени во иднина.
„Денес сум тренер на Реал, но работите може да се сменат. Нема гаранции дека ќе се задржам на едно работно место. Знаеме со каква судбина се соочуваат тренерите, сè се врти околу резултатите. Јас сум среќен тука и уживам да работам со моите играчи, а воедно знам дека имам поддршка од клубот. Досега не ме контактирал ниту еден друг клуб“, истакна Зидан.
Пред извесно време се појавија шпекулации дека по крајот на оваа сезона Јувентус ќе трне по потписот на Зидан кој би го заменил Маурицио Сари на клупата. Французинот во својата играчка кариера ги бранеше боите на Старата дама, пред ја го оствари трансферот на кариерата во Реал.