Новата ѕвезда е родена: Хаверц е апсолутен рекордер во Бундеслигата

Со само 20 години и 270 дена, Кај Хаверц се запиша во историјата на Бундеслигата како најмлад фудбалер кој стигнал до бројката од 30 првентвени погодоци. Талентираниот офанзивец вчера стрелаше во убедливиот триумф на Леверкузен од 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт, па така го урна рекордот поставен на легендарниот Клаус Фишер, а разликата во старост е само 15 дена.

Инаку, Хаверц оваа сезона за Фармацевтите учествуваше во 17 погодоци на вкупно 33 меча во сите натпреварувања, девет ги постигна, а осум ги намести, а откако е во сениорскиот тим на Баерн забележа вкупно 37 гола и 30 асистенции на 138 дуели во сите конкуренции.

Дефинитивно Германија има нова ѕвезда која ќеги предводи во следната деценија, а нема да биде изненадување доколку оствари мулти-милионски трансфер во некој од европските гиганти во блиска иднина.

https://twitter.com/Bundesliga_EN/status/1236316958020288513

- Оглас -

Најнови вести