Лоша подготовка за ЛШ – Кралот падна во Севилја (Видео)

Големата грешка на Карим Бензема, Реал Мадрид го чини скап пораз во Севилја со 2:1 од Бетис. Да биде маката на Кралскиот клуб поголема, победничкиот гол за домашниот тим го постигна Кристијан Телјо, поранешен играч на Барселона.

https://www.youtube.com/watch?v=wu1XZxLskSY

Реал одигра лош меч како увертира за реваншот против Манчестер сити во Лигата на шампионите, но сепак успеа некако да израмни во финишот на првото полувреме со голот на Бензема од пенал, откако Сиднеј во 40-тата минута му донесе предност на Бетис.

Кристијан Телјо ја искористи големата грешка на Бензема во 82-рата минута и лесно погоди за голема победа на Бетис.

Реал Мадрид со поразот падна на второто место со 56 бода, два помалку од лидерот и вечен ривал Барселона. Бетис е 12-ти со 33 бода.

- Оглас -

Најнови вести