Им се стемни на Светците од Париз – Ќе играат против Борусија без публика и без Мбапе

Лоши вести во серија пристигнуваат за францускиот првак Пари Сен Жермен, а по информацијата дека ќе мораат да го играат реваншот во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд без присуство на публика, доаѓа и најава за отсуство на Килијан Мбапе.

Еден од најдобрите светски фудбалери е повреден и неговиот настап во среда е неизвесен. Томас Тухел е на голема мака ако не игра брзоногиот офанзивец бидејќи пред празни трибини во Париз ќе мора да се брка негативата од 1:2 од првиот меч.

Килијан беше четвртиот најефикасен фудбалер во групната фаза во ЛШ со пет голови, а му асистираше на Нејмар на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд за единтвениот погодок во првиот дуел од двомечот со Борусија.

ПСЖ долго ја посакува титулата во Лигата на шампионите и неиграњето на Мбапе би бил голем удар за амбициозниот состав од Париз. Мечот ќе се игра задутре од 21 часот и победникот од двомечот ќе ја чека ждрепката за четвртфиналето во најсилното клупско европско натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести