Вулверхемптон во четврток гостува кај Олимпијакос во рамките од првиот осминафинален дуел во Лигата на Европа. За овој меч потврдено е дека ќе се одигра без публика поради што Грција презеде мерки против ширење на Коронавирусот откако до денес се потврдија 84 случаи на заразени.
На Волците оваа ситуација им одговара од фудбалски аспект бидејќи нема да играат пред пеколната атмосфера како што знаат страсните навивачи на грчкиот гигант да ја направат на стадионот „Караискакис“ во Пиреја.
Напоредно, потврдено е дека и првиот дуел меѓу Севилја и Рома на „Санчес Писхуан“ исто така ќе се игра без навивачи.