Килјан Мбапе веќе два дена е болен и не тренира. Поради симптомите кои ги има, францускиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен вечерва бил подложен на тестови за Коронавирус. Според најавите од весникот „Лекип“, вечерва или најдоцна утре наутро треба да бидат познати и резултатите од тестовите на Мбапе.
ПСЖ утревечер на свој терен ќе игра во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд. Поради страв од ширење на Коронавирусот, дуелот ќе се игра пред празни трибини.
Засега неизвесно е дали Мбапе ќе биде подготвен за утрешниот меч, а многу работи ќе станат појасни по резултатите од тестот за Коронавирусот.