Помина незабележано, но премиерлигашот имаше добра причина зошто го отстрани волкот од клупскиот амблем на сите социјални мрежи. Тимот од „Молињу“ се обиде да ја покрене свеста на луѓето за зачувување на животната средина, особено станува збор за загрозениот мексикански волк.
Во кампањата за заштита на волците од Мексико учествуваше токму мексиканскиот репрезентативец и еден од најдобрите играчи на Вулвс, Раул Хименес.
„Замислете еден ден без природа. Отсуството на волкот на нашиот амблем само на еден ден ќе ја потенцира важноста за зачувување на животниот свет“, пишува во пораката на клубот.
Imagine a world without wolves…
Find out why we've removed ours for @WildlifeDay. #ProtectThePack https://t.co/C9EKwhdR8W
— Wolves (@Wolves) March 3, 2020