Коронавирусот ја декласира Шифрин и ѝ донесе два кристални глобуси на Брињоне

Федерика Брињоне освои два Кристални глобуси во Светскиот куп, а одлуката ја донесе опасниот Коронавирус, поради кого се откажани последните три трки во сезоната што требаше да се возат во шведскиот ски-центар Оре.

Микаела Шифрин загуби шанса да ја одбрани титулата во Генералниот пласман, а имаше лоша среќа и сега и претходно бидејќи не учествуваше на неколку трки поради смртта на нејзиниот татко.

Американката до откажувањето беше водечка во Генералниот поредок, но поради тага по загубата на родителот не учествуваше на неколку трки од Светскиот куп и Брињоне успеа да ја престигне.

Кога одлучи сепак да учествува во завршницата во Оре, трките се откажани поради Коронавирусот.

Брињоне освои уште еден пехар, тој за најдобрата скијачка во велеслалом, а словачката скијачка Петра В’лхова ќе го добие Кристалниот глобус за најдобра во слалом.

Во спуст и во супервелеслалом победничка е Корине Сутер од Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести