Нејмар и Бернат погодија на празниот „Парк на принцовите“ и го носат Пари Сен Жермен на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Џорџино Вајналдум ја израдува домашната публика на „Енфилд роуд“ со погодок, со кој Ливерпул води против Атлетико Мадрид со 1:0 по првото полувреме.
Бразилецот Нејмар беше најприсебен во 28-мата минута и погоди со глава, а предност за ПСЖ од 2:0 донесе Бернат во последните моменти од првиот дел. Првиот меч заврши со победа на Борусија Дортмунд од 2:1 и со овој резултат Германците испаѓаат.
Вајналдум беше прецизен за Ливерпул во 43-тата минута и сега со овој резултат двете екипи се израмнети бидејќи Атлетико победи со 1:0 во Мадрид.