Tолку беше и од фудбалот во Англија

Мечот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид кој синоќа се играше на „Енфилд роуд“ беше последен кој се одигра со публика, пред да бидат донесени новите превентивни мерки поради стравот за ширење на Коронавирусот во Англија. Оваа одлука денеска треба да ја потврди Владата на Велика Британија откако во последниве неколку дена нагло се зголеми бројот на заразени од смртоносниот вирус.

Освен одлуката да се игра пред празни трибини, засега нема опасност првенството да биде прекинато и Ливерпул да остане без титулата која официјално може да ја потврди за две кола. Ливерпул цели 30 години чека да се израдува на трофеј во првенството, а сега многу веројатно е дека прославата на теренот ќе биде пред празни трибини.

 

- Оглас -

Најнови вести