Хамилтон се чуди како Ф1 уште не ја откажува трката во Австралија

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, вели дека е загрижен и зачуден како челниците во најбрзиот спорт во светот уште не реагираат по објавувањето на пандемија поради Коронавирусот. Британскиот возач заедно со останатите Ф1 натпреварувачи се во Австралија, каде што за в недела е закажана првата трка од новиот шампионат.

„Навистина сум многу, многу, многу изненаден зошто сме тука. За мене е шокантно што сите седиме тука во оваа просторија за прес-конференција. Гледам како остатокот од светот реагира. Спортските настани се одложуваат. НБА го прекина првенството, а во Ф1 засега ништо не преземаат. Загрижен сум за луѓето кои се тука“, рече Хамилтон.

Според информациите, дури петмина членови на тимот на Мерцедес се пратени во изолација поради сомнение дека имаат Коронавирус бидејќи симптомите кои ги покажале навестуваат дека се заразени од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести