Треба да играат вечерва – Тренерот на Падерборн има симптоми на Коронавирус, Алкантара реагира: Прекинете да се будалите

Тренерот на Падерборн, Штефен Баумгарт, има симптоми на Коронавирус, а информацијата доаѓа непосредно пред премиерниот меч од 26-тото коло во Бундеслигата меѓу тимот што го предводи од клупата и Фортуна.

Треба да се игра во Дизелдорф од 20.30 часот, а веќе има реакција од играчите што играат за клубовите од Бундеслигата, но и од фудбалските работници и љубители на најважната споредна работа на светот.

Се бара веднаш прекин на шампионатот, а не како што е одлучено да се игра уште ова коло, па потоа да се одложи Бундеслигата на неодредено време поради Коронавирусот.

„Прекинете со будалаштини. Сите земји ги прекинаа првенствата, само ние ќе мора да играме. Поважни се животите на луѓето од фудбалот“, изјави Тијаго Алкантара, играчот на шампионот и актуелен лидер Баерн Минхен.

Легендата на германскиот фудбал, Карл-Хајнц Румениге без влакно на јазикот обвинува дека парите им се поважни на челниците на германскиот фудбал од здравјето на фудбалерите.

„Треба да се одработат огромните пари за ТВ-правата. Затоа се игра овој викенд. Ова нема никаква смисла“, вели Румениге.

 

 

- Оглас -

Најнови вести