На Рамос не му пречи што е во домашен карантин: Има и убава страна на изолацијата (фото)

Целиот колектив на Реал Мадрид е во домашен карантин откако се потврди дека кошаркарот на Кралевите Треј Томпкинс е позитивен на коронавирусот. Некои од кралките ѕвезди како Серхио Рамос повикуваат да се гледа и на добрата страна на оваа самоизолација, а тоа е да се помине времето заедно со семејството.

Капитенот на Реал на „Инстаграм“ објави фотографија со својата сопруга Пилар и трите деца со порака: Мора да ја гледаме и убавата страна на целата ситуација. Уживајте со вашите семејства“, испрати порака Серхио.

Откако ќе заврши привремениот прекин на сезоната, на тимот на Зинедин Зидан го очекува доста работа. Во шпанската Ла Лига Кралевите водат тесна битка со Барселона за шампионската титула, додека во реванш-дуелот од осминафиналето во ЛШ против Манчестер сити ќе треба да надополнат негатива од 2-1 со цел да останат во натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести