УФЦ спектаклот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон кој е закажан за 18 април и треба да се одржи во Бруклин, подрачјето во Њујорк, ќе се одржи според планот и покрај тоа што Големото Јаболко се соочува со проблемот наречен коронавирус.
Токму во ова подрачје вирусот Ковид-19 е најприсутен, меѓутоа претседателот на УФЦ Дејна Вајт потврди дека сите настани ќе продолжат со натпреварување без присуство на публика, додека некои борби се преместени да се одржат во Лас Вегас.
Околу борбата се огласи и менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз.
„Борбата меѓу Хабиб и „очилата за сончање“ ќе се одржи на 18 април. УФЦ секогаш наоѓа начин, со или без навивачи ќе има борба. На луѓето кои се во домашна изолација им е потреба забава“, истакна Абделазиз.
Непоразениот Нурмагомедов има 28 победи и ќе ја брани титулата во лесна категорија, а Фергусон во исто толку борби има 25 победи и три порази.
The fights are still on this Saturday night LIVE on @espn and @espn+ at 3pm ET pic.twitter.com/KwIyr6wzo2
— danawhite (@danawhite) March 13, 2020