Mожно е и такво сценарио: Поразот на Реал од Бетис може да ја направи Барселона старо-нов првак во Шпанија

Шпанскиот првак Барселона е на пат да ја одбрани титулата во Примера дивисион, доколку целосно се прекине првенството. Засега, шампионатот во Шпанија е прекинат до почетокот на април, но доколку не сопре ширењето на Коронавирусот, можно е и целосно стопирање на првенството.

Шпанските медиуми најавуваат дека постојат три сценарија за судбината на првенството. Првото сценарио е да се доигра првенството, кое може да биде пролонгирано до крајот на летото. Втората опција е да се прекине првенството и да се прогласи првакот и учесниците во европските купови според моменталната ситуација на табелата. Во таков случај Барселона е лидер, пред Реал Мадрид кој заостанува два бода.

Реал Мадрид беше лидер, откако славеше во Ел Класико, но веќе во следното коло Кралевите загубија на гости кај Бетис и повторно паднаа на второто место. Можно ли е токму поразот од Бетис да го чини Реал Мадрид освојување на титулата, ќе видиме во следниот период. Третата опција е да се поништи првенството и да нема прогласување на шампион.

Според правилата на Примера дивисион треба да се формира комисија меѓу Лигата и шпанската фудбалска федерација, која ќе донесе одлука за тоа што ќе се случува со сезоната во која досега се одиграа 27. кола, по кои Барселона е лидер со 58 бодови, Реал е втор со 56 бодови, а потоа следуваа Севилја со 47 бодови, Сосиедад 46, Хетафе 46, Атлетико Мадрид 45…

- Оглас -

Најнови вести