Кошаркарската НБА лига мора да се доигра по секоја цена, сопствениците на клубовите не сакаат никако да се откажат од големите суми на пари, и најавите се дека ако треба сезоната ќе трае и до 1 август.
НБА нема да се игра барем есен месец, комесарот Адам Силвер спомна дека може да се игра и до втората половина на јули, но најновите информации од САД говорат дека Силвер бил и оптимист. Ако нема кратење на сезоната, можно е да се игра и до 1 август, а тоа би значело и големи измени околу драфтот и календарот за следната сезона.
Плејофот е финансиски многу исплатлив, газдите на клубовите одвај чекаат да имаат голема заработка. Затоа, љубителите на НБА нека се подготват за сезона која ќе трае до средината на летото.