Од Јувентус покажаа колку му веруваат на Роналдо

Италијанскиот првак Јувентус планира да го задржи Кристијано Роналдо во своите редови до 2024 година. Според најновите пишувања во Италија, Старата дама е подготвена да му го продолжи договорот на Португалецот за уште две години. Тоа би значело дека Роналдо ќе остане во Јувентус до неговиот 39-ти роденден.

Кристијано моментно ја игра втората сезона во италијанската Серија А и одлично се снаоѓа. Во првенството даде 21 гол во 22 меча, а вкупно сезонава има 25 погодоци во 32 настапи.

Годишната плата која Роналдо моментно ја заработува е 21 милион евра по сезона и со тоа е третиот најскапоплатен фудбалер во светот.

- Оглас -

Најнови вести