Нејмар исчезна!

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар повторно прави проблеми. Иако француското првенство е во прекин поради опасноста од ширење на Коронавирусот, Нејмар ја раздрма ситуацијата со тоа што не може да го лоцираат каде се наоѓа.

Препораката за играчите на ПСЖ беше сите да останат во изолација, но според француските медиуми, Нејмар решил да си замине од Париз и да се врати во родниот Бразил. Пишувањата се дека ѕвездата со приватен авион одлетал за Бразил, каде што опасноста од Коронавирусот засега е многу помала.

Во Бразил има малку повеќе од 300 заразени од опасниот вирус и засега животот тече речиси нормално, додека Франција ги затвори границите, препораките се сите да останат дома и да се заштитат од вирусот кој досега зарази неколку илјади луѓе во оваа европска земја.

- Оглас -

Најнови вести