Тестирањето за Коронавирус донесе и црн рекорд во еден клуб, а денеска шпанскиот прволигаш Алавес објави дека има 15 заразени, од кои тројца се фудбалери.
„Вкупно 15 луѓе се позитивни на тестот за Коронавирус, а тројца од нив се фудбалери од првиот тим. Седуммина се од тренерската фела, а нема ниту еден од кошаркарскиот клуб Басконија. И пет работници исто така се заразени од вирусот“, соопштија од Алавес.
Тестирањето беше спроведено во двата најуспешни клубови во Виторија, фудбалскиот прволигаш Алавес и кошаркарскиот Басконија.
„Марка“ објави дека и имињата на фудбалерите што се веќе во карантин се познати, но се чека клубот Алавес да ги објави.