Вицепремиер го крадеше по 30 илјади евра од сезона, Дика беше упорен и заљубен во Рапид

Ме крадеа секоја сезона најмалку по 30 илјади евра. Георге Копос ќе ме повикаше во канцеларија да потпишам договор, наводно со поголема плата, но ми подметнуваше други документи за потпис. Ми велеше побрзо потпиши овде да завршиме работа. Бев наивен и премногу им верував на луѓето, но и премногу го сакав клубот и секогаш бев подготвен да помогнам, вели во својата приказна Емил Дика, поранешниот фудбалер на Рапид Букурешт.

Со својата приказна предизвика големо внимание во Романија бидејќи Копос беше сопственик на Рапид, но и вицепремиер на земјата од 2004 до 2006 година, а ние го паметиме играчот со број 13 што играше за некогаш моќниот Рапид против Вардар во Скопје, во 2005 година.

Тогаш во двомеч од второто квалификациско коло за настап во УЕФА-купот, тимот од Букурешт беше подобар од Вардар и со победа на домашен терен од 3:0 и реми во Скопје 1:1 го елиминира македонскиот претставник.

Дика токму таа сезона 2005/06 за првпат пристигна во редовите на Рапид од Дачија Миовени, а потоа уште двапати се враќаше на Ѓулешти и одигра вкупно 138 натпревари за клубот од Букурешт.

 

- Оглас -

Најнови вести