Буфон навивал за Јувентус, но само до седумгодишна возраст

Јувентус е прв клуб за кого навивав, но само додека тимот го предводеше Џовани Трапатони. Имав 7 години кога Трап се пресели во Интер, па почнав да навивам и за нив. Толку многу го сакав Џовани“, вели Џиџи Буфон, легендата на светскиот фудбал.

Во интервју за клупскиот сајт на Јувентус додава дека често ги менувал симпатиите кон клубовите во раната младост, па навивал и за Пескара, Комо, Авелино и на 12-годишна возраст и за Џенова.

Сепак, во играчката кариера има настапувано само за три клуба, многу помалку од симпатиите кон екипите за кошто навивал во детството.

Почна во Парма, каде што беше голман од 1995 до 2001 година и со одлични партии го привлече вниманието на Јувентус, првиот клуб што го симпатизираше.

Во редовите на Старата дама пристигна во 2001 година, во ерата кога Трапатони беше селектор на Италија. Џиџи и претходно беше репрезентативец на Аѕурите, а соработуваше со својот тренер-идол и во националната селекција на четирикратниот светски првак.

„Искрено го сакав начинот на работа, на однесување и комплетно стилот на Трапатони. Ми даваше дополнителна енергија кога го гледав како ги води клубовите и репрезентацијата“, раскажува Буфон.

По повеќе од 500 настапи за Јувентус од 2001 до 2018 година, се пресели во Пари Сен Жермен, но потоа пак ѝ се врати на својата прва навивачка страст на Старата дама.

Кон него големата армија навивачи на Јувентус има посебни симпатии бидејќи не го напушти клубот кога беше преселен во Серија Б во 2006 година, по познатата афера „Калчополи“, и му помогна експресно да се врати во Серија А.

„Па тоа ми е некако природно да се вратам во Јувентус. Имав прекрасна сезона во Париз, но се јави Патричи и старите пријатели од Јуве и се вратив во мојот дом. Се надевам дека тука ќе ја завршам и кариерата“, изјави Буфон.

Легендата има веќе 42 години, но вели дека сè уште го живее детскиот сон во редовите на актуелниот италијански шампион и сè уште не најави крај на блескавата голманска кариера.

- Оглас -

Најнови вести