Во Европа веќе никаде не се игра фудбал освен во една земја!

Тоа е тоа, се ближи крајот на фудбалот во Европа. И Турската фудбалска федерација реши да го прекине првенството кое во изминатиот период се играше нормално со публика или без присуство на гледачи. Денеска со одлуката во Турција, во Европа се игра фудбал само во Белорусија.

Турците долго му одолеваа на Коронаврусот, но и тие ја сфатија опасноста од ширењето на заразата, па го запреа фудбалското првенство, иако имаа закажано мечеви и делегирано судии.

Министерот за спорт на Турција, Мехмет Касапоглу, по состанокот со првите луѓе на фудбалската, кошаркарската, одбојкарската и ракометната федерација, соопшти дека се прекинуваат сите натпреварувања. Притисокот од спортистите, тренерите и клубовите беше голем, па на министерот не му остана ништо друго освен да нареди суспензија.

 

- Оглас -

Најнови вести