Неверојатно: Човек истрча маратон на својата тераса (Видео)

Епидемијата на Коронавирусот натера многумина во светот да се повлечат во карантин и изолација чекајќи пандемијата да помине, но има и такви кои не можат да седат и бараат предизвик во време кога просторот за маневар е драстично скратен.

Французинот Елиша Нохомовиц среде пандемија успеа да истрча маратон, и тоа верувале или не, на терасата од својот стан во градот Тулуз. Елиша непрекинато трчал 6 часа и 48 минути и направил 6.000 круга низ својот балкон долг 7 метри.

„Се плашев дека соседите ќе ме пријават бидејќи им тропав врз главите. За среќа, тие ме бодреа“, рече 32-годишниот Нохомовиц, за кого ова било повеќе ментален и комичен, отколку физички предизвик.

Доколку имате голема тераса и добра волја, ете добра идеја како да се остане во форма во овие денови на вонредна состојба.

- Оглас -

Најнови вести