Во период кога нема фудбал, интернетот е единствен начин да се остане поврзан со најважната споредна работа на светот. Речиси секој одигран натпревар од минатото може да се најде и да се гледа повторно, но исто така има доста интересни работи кои се случиле надвор од терените.
Една од нив е сцената во која главната улога ја има можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси. Аргентинецот лудуваше за време на забавата на Барселона за освоената тројна круна во 2009 година. Со малку поголема доза алкохол, Меси одвај стоеше на нозе, но успеа да ѝ се обрати на публиката и да ja „запали“ атмосферата.
Тогаш 21-годишниот Меси беше еден од хероите за освоената тројна круна на Kаталонците под водство на Пеп Гвардиола. Неговиот гол против Манчестер јунајтед за 2-0 во европското финале кое се одигра во Рим го потврди третиот клупски трофеј во ЛШ.