Само шест држави во светот не ги имаат прекинато своите фудбалски првенства, и тоа: Белорусија, Хаити, Никарагва, Мјанмар, Туркменистан и Бурунди. Во последните две, барем официјално, уште нема заразени од Коронавирусот.
Белорусија е единствена во Европа, таму лигата само што почна и се игра со публика. Интересен е примерот со Никарагва, земјата од Средна Америка, каде што фудбалерите на терен се појавуваат со заштитни маски и ракавици.
„Владата рече дека има услови да се игра, забележани се само неколку случаи. Ќе играме додека не ни кажат поинаку. Играњето со маски на лицето не е невозможно. Дома се тушираме и пресоблекуваме, одвоени сме на тренинзи, но за време на мечевите тоа не е можно, фудбалот е спорт со контакти“, изјави фудбалерот Бернардо Лауреиро, напаѓач на клубот Диријанген.