Се тепаа меѓу себе и беа исклучени на мечот меѓу Минесота тимбервулфс и Филаделфија 76, но сите воени секири и недоразбирања се забораваат кога е животот во прашање.
Токму така, достоинствено во вистински спортски дух постапи Џоел Ембид центарот на 76-те, кој меѓу првите му испрати порака за поддршка на Карл Ентони Таунс, неговиот голем ривал во НБА-лигата.
Мајката на Таунс е во критична состојба и е ставена во индуцирана кома откако беше откриено дека има Коронавирус.
„Со тебе сме и се молиме за здравјето на твојата мајка“, е пораката за Таунс од Џоел Ембид.
Во октомври лани на мечот меѓу Филаделфија и Минесота во средината на третиот период Ембид и Таунс се закачија меѓу себе, а потоа и двајцата беа исклучени.
Меѓу нив постои големо ривалство, а со право се рангирани во Топ-10 најдобри центри во НБА во моментов.