Беше соиграч на Серхио Рамос и Дани Алвеш, а денес работи како келнер и е без дел од ногата

Дарио Силва, поранешниот репрезентативец на Уругвај и фудбалер на Калјари, Еспањол, Малага, Севилја и Портсмут, пред 14 години ја заврши играчката кариера. Иако една и пол деценија играше активно и тоа во познати клубови, Силва сега се соочува со борба за живот.

Силва сега има 47 години и работи како келнер. Уругваецот останал без пари откако луѓето кои биле задолжени да се грижат за финансиите на Силва, го измамиле, па фудбалерот останал без пари. За да му биде ситуацијата уште полоша, Силва бил учесник во една сообраќајна несреќа по која останал без дел од ногата.

„Го напуштив фудбалот поради татко ми.Тогаш ми рече дека поради болеста која ја имаше нема да живее подолго од два-три месеци. Луѓето кои ги имав ангажирано да се грижат за парите од мојата кариера, ми ги украдоа сите заработени пари. Тие раководеа со моите пари како што сакаа и на крајот ме ограбија“, вели Силва, кој во кариерата во дресот на Севилја има играно заедно со сегашните големи ѕвезди Серхио Рамос и Дани Алвеш.

Иако и Уругваецот имаше добра кариера, сега мора да работи како келнер за да заработи за живот.

- Оглас -

Најнови вести