Не се опаметува: УФЦ шампион повторно уапсен бидејќи возел под дејство на алкохол

УФЦ шампионот во полутешка категорија Џон Џоунс ноќеска потворно бил уапсен во Албакерки, Њу Мексико, поради тоа што управувал со возило под дејство на алкохол, но веднаш бил пуштен на слобода. Полицијата дејствувала по пријава на пукање со огнено оружје и на лице место го привеле Џоунс, кој бил и под дејство на наркотици, додека под седиштето му нашле и пиштол.

Соочување со надлежните органи веќе е стара приказна за американскиот борец бидејќи и претходно бил приведуваn поради идентични причини. Во 2012 година предизвика сообраќајна несреќа и избега од местото на настанот, додека при сообраќајката имало повредена бремена жена.

Џоунс инаку е еден од најдобрите борци во УФЦ на сите времиња. Триесет и двегодишниот борец има 28 победи и еден пораз (дисквалификација поради непрописен удар), како и една поништена победа против Даниел Кормие. Во 2011 година Џоунс стана најмладиот шампион во историјата на УФЦ кога само на 23 години го совлада Маурицио Руа.

- Оглас -

Најнови вести