Надал предложи ново тениско правило кое може сѐ да смени

Рафаел Надал поради повреда на мускулот, го предаде мечот против Фернандо Вердаско и на тој начин го загуби првото место на АТП-листата. Откако стана јасно дека повредата нема да му дозволи да го доигра дуелот, Надал се откажа, а Новак Ѓоковиќ го презема приматот на број 1 во светскиот тенис.

По губењето на првата позиција, Шпанецот потенцираше дека тенисот оди во погрешна насока. Според него, премногу се игра на сила и на напад директно од сервис. Според Надал, потребно е да се направат промени, а тој даде еден оригинален предлог.

„Тенисот се движи во погрешна насока. Играчите сè повеќе играат на сила, па ако во следните неколку години не најдеме вистинско решение, се плашам дека овој спорт ќе се базира само на силата и на сервисот. Тоа може да биде опасно. Засега немам конкретна идеја за тоа што треба да смениме, но можеби ќе биде добро да се укине вториот сервис“, рече Надал.

Светската тениска асоцијација АТП веќе подолго време добива најразлични предлози за нови правила, но досега во направените експерименти ниту едно ново правило не се покажало како успешно.

- Оглас -

Најнови вести