Уругвај го прати селекторот Табарес во биро за вработување, може ќе го врати кога ќе има фудбал

Оскар Табарес ќе остане без плата и без работа се додека трае кризата со Коронавирусот, а покрај селекторот во Биро за вработување фудбалската федерација на Уругвај ги прати и сите вработени.

Кризата со епидемијата си го зема својот данок, а сериозно страда и фудбалскиот свет. Табарес е еден под најдолговечните селектори и го предводи од клупата Уругвај без прекин од 2006 година. Има 73 години и сега ќе чека сигнал од Федерацијата за да се врати. Најавено е дека тоа ќе биде кога повторно ќе се игра фудбал, а засега Табарес останува без статус во Федерацијата и секако без плата.

„Моравме да се одлучиме за ваков драстичен чекор. Кризата е голема и треба да се штеди. Покрај селекторот и сите останати административци и технички персонал во Федерацијата ќе биде без обврски во наредниот период“, објавија од уругвајската федерација.

Табарес беше селектор на Уругвај и во периодот од 1988 до 1990 година.

- Оглас -

Најнови вести