За 27 часа помина 3.000 километри за да избега од Шпанија и опасниот вирус

Фудбалерот на Селта Виго Пионе Систо сакаше што е можно побрзо да си замине од Шпанија, земја која е втора најкритична во Европа зафатена од пандемијата на Коронавирусот. Систо со својот автомобил решил да замине во Данска.

Репрезентативецот на Данска кој е роден во Уганда, одлучил да вози до Данска, откако во Шпанија беа откажани сите авионски летови. За да стигне до својата земја, Систо пропатува речиси 3.000 километри и тоа за 27 часа.

Ваквиот потег на Систо наиде на револт кај челниците на Селта Виго, затоа што фудбалерот немал добиено дозвола да си замине, па кога ќе се врати на клупските обврски, го чека драстична казна.

Во Шпанија досега има преку 5.800 починати луѓе од Коронавирусот, додека бројката на заразени во Данска е само 2.200 луѓе, па многу посигурно за Систо било да се врати во својата земја, каде има само 65 смртни случаи досега.

- Оглас -

Најнови вести