Идеалните 11 на Мбапе: Составот е страшен!

Многумина можеме да се согласиме со Килијан Мбапе дека неговиот избор за идеална 11-ка на сите времиња дефинитивно е најдобар. Во составот кој го одбра младиот Французин сите се великани на своите позиции, а меѓу нив има безброј инидивуални и клупски трофеи.

Мбапе одлучи меѓу диреците да го стави Џиџи Буфон, а дефанзивната линија се состои од крилните бекови Кафу и Роберто Карлос, додека стопери се Паоло Малдини и Серхио Рамос.

Застрашувачки звучи четворката на средина: Зинедин Зидан, Роналдињо Гаучо, Нејмар и Лионел Меси. Во нападот се двајцата Роналдовци, Кристијано и ексбразилската гол-машина.

- Оглас -

Најнови вести