Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар „потпишал“ договор со корејскиот клуб Улсан Хјундаи. Клубот се пофали на својот сајт дека постигнал договор со поранешниот фудбалер на Барселона, а сезонава игра за ПСЖ. Корејците се потрудиле да направат монтажа и фотографија на Нејмар во дресот на нивниот клуб, со забелешка дека денеска е 1 април, денот на шегата.